Ахмети: Изборниот процес помина според очекуваните стандарди

 Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција во партиското седиште оцени дека изборниот процес поминал според очекуваните стандарди. Тој посочи дека во вториот круг извесна е победа на партијата во неколку општини.

-Ова е важен процес заради тоа што граѓаните се определуваат за тоа кој ќе раководи со општините во наредните четири години. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на гласачите, шефовите на штабови, централните штабови, на ограноците за неуморната работа што ја направија да целиот процес. Во првиот круг добивме градоначалник за Липково, Пласница, Сарај. Во вториот круг ДУИ победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце, и Арачиново.  Се уште се бројат во Тетово и Гостивар, во очекување сме на конечните резултати, изјави Али Ахмети.

На крајот од обраќањето до новинарите лидерот на ДУИ рече дека ќе замине во Кичево на прослава за освеното градоначалничко место со сопартијците. 

Back to top button
Close