Ахмети: Касами на 8 мај ќе добие класичен нокаут

Претседателот на ДУИ Али Ахмети од Боговиње истакна дека претходно го предупредил Билал Касами дека на 8 мај треба „да го фрли белиот пешкир во рингот“ за како што истакна да не добие класичен нокаут.

Според него лидерите од здружените албански партии кои настапуваат под името „ВРЕДИ“ се 20 години на власт и според него тие не се во опозиција.

„Без да сакам да ги омаловажувам албанските противници кои се обединија, кои велат дека се опозиција, но сите се на власт 20 години, тие не се опозиција, да бидеме искрени“, рече Ахмети

Back to top button
Close