Ахмети: Ме немате видено како плачам, туку само како пејам во униформа

В сабота ДУИ ќе излезе на терен да се сретне со граѓаните, но ќе биде поделена на две групи. Претседателот на оваа партија, Али Ахмети ќе биде во Чегране, Гостивар, додека „огнената група“ ќе се сретне со структурите на огранокот во Битола, за да го слушне, како што велат, нивниот глас. Незадоволните членови на ДУИ на претходната средба во Студеничани порачаа дека не можат да прифатат Артан Груби да одлучува за сѐ, пренесува ТВ21.

-Не сме заинтересирани да бидеме дел од извршната власт. Само бараме да се почитува начелото на заслуги, да се почитува основата, а не носењето одлуки да биде ексклузивно право на Артан Груби и неговиот клан-рече Блерим Беџети.

А, претходната сабота, вицепремиерот Артан Груби објави видео од лидерот Ахмети како пуши цигари и пее. Ахмети синоќа по лидерската средба во Тирана беше прашан дали неговото видео е злоупотребено. Тој со кус одговор. Вели дека никогаш не се појавил плачејќи, туку само како се смее и во униформа.

-Доброто е што никогаш ме немате видено да плачам, туку само да пеам и во униформа-рече Ахмети.

Back to top button
Close