Ахмети му испраќа абер на Заев за изборна коалиција, а на Мицкоски за проактивност за државните интереси

Лидерот на ДУИ, во интервју за ТВ21, вели дека треба да се размисли за коалиција со партнерите во Владата за локалните избори, а за претходните партнери вели дека нема чести средби со нив

 

Можна е нова коалиција со СДСМ и на годинешниве локални избори, најави Али Ахмети, лидерот на ДУИ во интервју за ТВ21

Ахмети вели дека соработката меѓу двете партии е одлична и дека треба да се размисли за коалиција на престојните локални избори.

„Не знам, треба да видиме какви се интересите. Да видиме кои се интересите на граѓаните, кои се интересите на нашите партии ДУИ и СДСМ. Јас мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните 4 години, односно откако ја формиравме Владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција. Но, без разлика дали ќе има коалиција или не, ние ќе настапиме со наши листи за советници“,рече Ахмети.

Во однос на поранешните коалициски партнери од ВМРО-ДПМНЕ Ахмети вели дека нема чести средби со нив, а во однос на тоа дали гледа реформа кај сега опозициската партија вели „многу малку“.

Тој го советува Мицкоски дека во однос на државните интереси, како лидер на ВМРО – ДПМНЕ треба да биде многу поактивен и треба да биде активно вклучен да се реши отворениот спор со Бугарија.

„Мицкоски, исто така, треба да биде поактивен во реформите во правосудството, треба да биде погласен и аргументиран кога објавува злоупотреби на службената положба на актуелни функционери на власта, треба да има сериозни факти и да ги достави до обвинителство и во истражните органи, а не да држи прес конференции без серозни аргументи. Не може да обвинува функционери на прес-конференции, нека приложи факти во обвинителство, ако тоа не реагира тогаш нека ги информира медиумите, нека знае јавноста. Ова важи и за албанската опозиција и за ВМРО-ДПМНЕ. Уморни сме од лажни вести“,вели Ахмети за ТВ21.

Back to top button
Close