Ахмети на средба со евроамбасадорот Дејвид Гир

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети остварил средба со Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Како што информираат од владејачката партија, соговорниците разговарале за политичките случувања во земјата, претседателските и парламентарните избори, владеењето на правото и евроинтеграциите.

Ахмети го информирал Гир за цврстата проевропска позиција на ДУИ и за продолжување на конкретизирањето на иницијативата за заеднички фронт што ќе го трасира безбедниот пат на земјата кон европскиот хоризонт.

 

Двајцата соговорници го истакнале големото значење на демократското одвивање на претседателските и парламентарните избори за европската иднина на земјата.

 

„Ахмети нагласи дека во фокусот на владината коалиција отсекогаш биле уставните измени и зајакнувањето на механизмите за владеење на правото и дека тие несомнено остануваат неоспорен приоритет на земјата на патот кон Европската унија. Демократската унија за интеграција ќе продолжи со сиот свој потенцијал да инсистира на усвојување на уставните измени и продолжување на реформирањето на земјата во европски дух“ стои во соопштението.

Back to top button
Close