Ахмети на средба со Mицкоски пред средбата со Заев
Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред средбата со премиерот Зоран Заев, ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Собранието, најавува за ТВ 24 висок партиски функционер од партијата на Мицкоски.
На маса според истиот функционер се барањето за предвремени избори на Мицкоски, блокадата во евроинтеграциите и актуелната состојба во државата.
„На средбата ќе се разговара за актуелната состојба, политичката криза, недобивањето на датум за избори и застојот во евро интеграциите, како и за потребата на предвремени парламентарни избори.“ – изјави за тв 24 висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДУИ ја потѕрдија средбата.