Ахмети: Од овие избори зависи и европската перспектива на земјава

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска гласаше на Локалните избори во избирачкото место во село Зајас.

Тој порача дека овие избори се огледало на демократијата и истакна оти се надеваат на победа уште во првиот круг.

Граѓаните своето демократско право ќе можат да го искористат со правото на избор на кого да го дадат својот глас.Од овие избори зависи и европската перспектива на земјава .Во изминатите 20 години сме имале проблеми со влез во НАТО и во ЕУ. Сега откако влеговме во НАТО и го решивме проблемот со Грција, очекувам наскоро да го решиме и проблемот со Бугарија и целосно да го отвориме патот кон ЕУ-нагласи Ахмети.

 

Back to top button
Close