Ахмети: „Отворен Балкан“ се прифаќа доброволно, не со сила

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од Валона изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ е идеја која е доброволно се прифаќа од државите, а не со наметнување.

– Отворениот Балкан е идеја на која можат да се приклучат оние држави кои мислат дека тоа е во корист на нивните земји. Тоа е идеја која не се наметнува, туку доброволно се прифаќа, па секој оценува дали е добра, дали е корисна за соодветните земји и според оценката се преземаат чекори, изјави Ахмети.

За разлика од Ахмети, кој има понеутрален став во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, опозициските лидери на Албанците во Скопје и Тирана отворено излегоа против оваа иницијатива. Лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Зијадин Села го прогласи „Отворениот Балкан“ за „тројански коњ“ на Путин во Балканот.

Back to top button
Close