Ахмети по средбата со „огнените“: Нема раскол во партијата

Лидерот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети, по денешната средба во Мала Речица, уверува дека нема раскол во партијата. Тој најави дека на централното собрание на партијата, што е закажано на 15 октомври, ќе се разговара за политичката ситуација, ќе се избере ново Претседателство, но ќе следува и отчет од владините претставници на ДУИ.

„Нема огнена група, таквите излагања на функционерите се нормални во ДУИ. Ниту оган, ниту пламен имаше. Разговаравме и сите сме на иста страна“,кажа Ахмети.

Ахмети на прес-конференцијата придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта додаде дека на 15 октомври ќе има централно собрание на кое ќе се разговара за политичката ситуација, ќе се избере новото Претседателство и ќе има отчет на владиниот состав на ДУИ.

Back to top button
Close