Ахмети по средбите: Нема создавање на нова партија!

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, по средбите со партиските ограноци призна дека има меѓучовечки односи кои не се добри, но во целина, како што рече тука се одредени луѓе и овие работи треба да се поправат.

„Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, ограноците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија“, рече Ахмети.

Back to top button
Close