Ахмети: Потребен е историски договор меѓу Косово и Србија

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од Приштина изјави дека иницијативата Отворен Балкан не се наметнува кон никого, и нагласи дека е дојдено време Србија и Косово да потпишат историски договор.

– Путин не е болен. Тој има царска доктрина. Тој има платформа да реализира, големата идеологија. Има настани и случувања меѓу Косово и Србите и не е лесна тема за разговор. Но, потребен е историски договор меѓу Косово и Србија. Проблемот не е само Косово. Мора да се направи помирување. 20 години зборувам за помирување… Иницијативата Отворен Балкан не се наметнува на никого, изјави Ахмети на промоцијата на книга „Големиот судир“ на заменик-претседателот на Демократската партија и поранешен шеф на дипломатијата на Косово, Енвер Хоџај.

И премиерот на Албанија Еди Рама порача дека сите партии на Косово треба да ги засилат напорите овој дел од Европа да се интегрира, бидејќи како што нагласи, е најзаостанат.

„Конечното решение е признавање на Косово од страна на Србија и правичен мир кој им припаѓа на косовските Албанци“, порача Рама.

Back to top button
Close