Ахмети повика на масовен митинг во поддршка на поранешните лидери на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати повик до граѓаните за масовно учество на митингот што ќе се одржи утре, 13 декември, во 13 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.
Во своето соопштение, Ахмети нагласи дека ОВК претставува дел од националниот идентитет и дека целта на собирот е, како што наведе, барање правда и отфрлање на „измислените обвинувања“ од Србија и Русија.
„Утре, на 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопјe, се обединуваме за јасна цел: барањето за правда и отфрлањето на измислените обвинувања од Србија и Русија. Излегуваме одговорно, за да ја почитуваме жртвата и да ја одбраниме вистината за нашата историја. Ве поканувам сите да бидеме заедно утре“, стои во повикот на Ахмети
Организаторите најавуваат мирен собир со јасна порака за поддршка на обвинетите поранешни команданти на ОВК.






