Ахмети: Преиспитување на Законот за јазиците може да предизвика длабока криза

Ахмети изјавата ја даде пред денешната средба со претседателката на албанското собрание Елиса Спиропали, кој отиде чекор подалеку… во својот говор на прес конференцијата со нејзиниот колега Гаши, и надвор од вообичаената дипломатска пракаса, коментираше дека очекува одлуката на Уставен да биде согласно Охридскиот договор.

-Албанскиот јазик, барем за нас Албанците, е свет и истиот има врска со суштината на нашиот идентитет. Неговото кршење во која било форма, очигледно многу боли и го нарушува токму овој идентитет. Целосно ја препознаваме и ја разбираме загриженоста на албанскиот фактор за можноста од можни промени, во зависност од очекуваната одлука на Уставниот суд, но очекуваме дека ваквите нарушувања ќе имаат решение согласно духот што го диктира Охридскиот рамковен договор.- Елиса Спиропали – претседателка на Собрание на Албанија

Законот за јазици беше изгласан во 2018 година и објавен во Службен весник без потпис на указот од претседателот Ѓорѓе Иванов. Дури потоа беше испратен до Венецијанската комисија, а во одговорот оттаму најмногу забелешки имаа за судските постапки, со оценка дека законот наметнува нереални правни обврски. Тогашната владејачка коалиција СДСМ и ДУИ ветуваше дека ќе ги имплементираат препораките, но во пракса тоа не се случи.

Неодамна претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски изјави дека поради бројните дилеми и недоверба во Законот, судиите следниот месец ќе носат уставно-правна и аргументирана одлука за овој предмет, кој е формиран уште во 2019та година по поднесени 13 иницијативи од граѓани, политички партии и здруженија.

Претходно минатава недела, Уставен ги замрза и актите за балансерот, кој, според најавите, ќе биде заменет со Закон за правична застапеност на етничките заедници.

Back to top button
Close