Ахмети: Со Зибери ќе ја оствариме целта за членство во ЕУ

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е оптимист дека со Насер Зибери во следните 5 години ќе се оствари целта за членството во ЕУ.

– Ќе има црвени линии за секој кој што сака да го загрозува или негира Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија, за тоа враќање нема. Демократската Унија за Интеграција ги почитува челичните темели кои се воспоставени за да ги движат прашањата напред. Безкомпромисно ќе бидеме за стандардите кои треба да се воспостават како за ветингот, зголемување на квалитетот во образованието, здраството, локалната самоуправа, инфраструктура, бидејќи ако не работиме во ова насока нема да можеме да бидеме достоинствена членка на ЕУ – истакна Ахмети во Струга.

Back to top button
Close