Ахмети: Споменикот на ОВК во кумановско Слупчане е поставен според сите процедури и законски норми

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека споменикот на ОНА во кумановско Слупчане е поставен според сите процедури и законски норми. Тој ги повика институциите за било каков сомнеж да се направи контрола на истиот проект.

– Се е во согласност со законите во државата и нема ништо надвор од стандардите и законите, изјавил меѓу другото Ахмети.

Претседателот на државата Стево Пендаровски синоќа во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, но и дека комисија на претходната влада на Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила оти над 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

Back to top button
Close