Ахмети: Теута заслужува да биде градоначалник на Тетово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва од митингот во Тетово порача дека актуелната градоначалничка на градот и кандидатка за уште еден мандат, Теута Арифи, заслужува да остане на позицијата. Ахмети рече дека тие воделе европска кампања и дека се издвојувала од кампањите на останатите политички партии.

„Се работи за победа со пот, со агенда и со дух, кај нашите политички опоненти има само политика, тие имаат сува кампања, само теорија. Ние покажавме дека сме најдобри уште во првиот круг со освоени над 120 000 гласови. Сето ова не прави горди и покажува дека и на централно и на локално народот нè подржува и ја подржува нашата зелена агенда која претставува одлична понуда со која ќе донесеме почист воздух почиста животна средина. Но, сето тоа тоа можеме да го направиме затоа што ги имаме вистинските луѓе. Арифи заслужува да биде градоначалник. Ќе работи во сите општествени сфери“,

истакна Ахмети.

Арифи во обраќањето пред тетовчани рече дека сите овие години откако е градоначалник работела посветено и свесно дека Тетово го заслужува најдоброто.

„Со ваша поддршка, јас сум градоначалник на овој град на кој секогаш му била потребна грижа и фер лидерство. Сите овие години со ваша помош работев за уште еден булевар, уште едно училиште, уште еден водовод, уште еден проект, свесна дека токму овој град го заслужува најдоброто“,рече Арифи.

Таа, меѓудругото, вети гасификација на Тетово, но и изградба на нови градинки, училишта и нов градски плоштад.

Back to top button
Close