Ахмети вели дека кој не може да влезе во Рајот, не може да влезе ниту во ДУИ и Европскиот фронт!

На денешниот состанок со партиските структури, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека Европскиот Фронт е отворен за сите што сакаат да му се приклучат. Според Ахмети, исклучок се оние што „направиле гревови“, односно оние што не можат да го преминат „Сиратскиот мост“ (мостот што според муслиманското верување мора да се премине за да се влезе во Рајот), пренесува Лидере Мк.

Инаку, Ахмети, на прашање од новинарите, зборуваше за неодамнешната дебата за Пописот на населението.

Ахмети рече дека „Албанците никогаш не биле поделени и никогаш нема да бидат поделени“, додавајќи дека „Пописот на населението е во рамките на договорите“.

Back to top button
Close