Ахмети: „ВМРО ДПМНЕ греши, ако мисли дека ќе ја погребе ДУИ“

ВМРО ДПМНЕ греши, ако мисли дека ќе прави со Левица 61 пратенички мандати и оти ќе ја маргинализира и ќе ја погреба ДУИ како единствена пречка, божем, во наводници, ‘поради која Македонците не можат да напредуваат, бидејќи ДУИ им ја презела власта и оти тие ќе им го вратат достоинството на Македонците’.

t

Многу грешат и овие соништа нема да ги видат.’ – рече Ахмети на партискиот собир во гостиварското село Чегране, нагласувајќи дека ни треба обединет фронт за Европа.“ – објави ТВ 21.

Лидерот на ДУИ зборуваше и за руското влијание во земјата. Тој кажа дека треба да бидеме внимателни, бидејќи Москва се обидува да оствари влијание во земјата. Му порача на ВМРО ДПМНЕ ‘да не сонува дека ќе прави 61 пратеници со Левица.“ ‘Целосно сум убеден и верувам во определбата на главните политички партии, не на Левица, дека имаат прозападна насоченост. Не ми се допаѓаат алијансите, што ги прават.’ – истакна лидерот на ДУИ Ахмети.“

Back to top button
Close