Ахмети: Сакам да чујам кои се причините против премиер – албанец

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор ги повика лидерите на другите партии на Албанците на средба, но тие не дојдоа во скопскиот хотел Парк.

– Ги повикав албанските политички партии за да им се заблагодарам за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазици, уставните измени и друго. Сакав да ги слушам и нивните предлози и забелешки. Многу ми е жал што тие не дојдоа на денешната средба. Би сакал нивното недоаѓање да не го користат за политички цели. Во пресрет сме на донесување на големи одлуки, истакна Ахмети на брифинг со новинари, по што се очекуваат изјави за медиумите.

Точно дека денеска е историски ден, додаде тој потенцирајќи дека средбата е свикана со цел лидерите на партиите на Албанците да разговараат.

– Во врска со коалицирањето пред и по кампањата јас изјавував дека треба досегашните коалициони партнери да продолжат. На овие избори сите беа против ДУИ, но граѓаните одлучија ние да ги претставуваме. Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ. Ако се забарикадираме не е добро за државата. Во ДУИ ќе преодвладува разумот и логиката, рече Ахмети на брифингот.

ДУИ, како што кажа, ги има поставено црвите линии, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, ветинг и премиерската позиција.

– Но, сакам од нив да слушам која е причината за неприфаќање на премиерот. Мислам дека ова прашање ќе биде разјаснето по завршување на овој процес, рече Ахмети, кој потврди дека денеска ќе има средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши, како и Билал Касами од Беса се изјаснија дека нема да одат на средбата, додека Мендух Тачи од ДПА не се изјасни.

Back to top button
Close