Ахмети за денот на рамковниот обид сите албански партии да подржат премиер албанец

Али Ахмети во втор обид да ги седне на иста маса албанските партии откако првиот пат тоа не му успеа. Лидерот на ДУИ им фрли втора ракавица,да се собереле во четврток 13 август на одбележување на денот кога е донесен рамковниот договор кој беше мировното речение од воената криза во 2001 -та.

Партиски извори во албанскиот блок проценуваат дека вистинската намера на Ахмети и ДУИ е сите албански партии да покажат единство и со тоа да дадат уште посилен сигнал дека следната влада требе да ја води премиер албанец односно да се реализира предлогот на ДУИ какво и да биде мнозинството нивниот кандидат Насер Зибери да добие ако не цел мандат барем половина или една година да биде на чело на новата влада.

Во преговорите со СДСМ лидерот Заев вчера за ТВ Сител кажа дека преговорите за владино мнозинство со ДУИ се закочени околу тоа кој да биде премиер , Заев како лидер на партијата која освои најмногу пратеници на предвремените парламентарни или кандидатот за премиер на ДУИ Насер Зибери.

Во разговорите неофицијално, Ахмети одел со,изговор дека наводно неможел да издејствува согласност во партијата да се откажат од идеата преммиер Албанец поготово што наводно имале согласност од другата македонска партија ВМРО ДПМНЕ мандатот премиер да биде 1 година Албанец а другите 3 лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ објаснуваат дека крилото предводено од Муса Џафери ја преферираат ВМРО ДПМНЕ заради како што објаснувале одличната соработка во владата која ја предводеше Груевски а ДУИ беа коалиционен партнер.

Од партиски извори се дознава дека имало договор денеска претпладне да се слушнат Заев и Ахмети но наместо таква средба ДУИ јавно преку соопштение ги повикаа во четврток во хотел Парк лидерите на албанските партии да го одбележат денот на донесувањето на рамковниот договор. Ваквиот потег на раководството на ДУИ на Бихачка го толкуваат како уште еден притисок идеата на ДУИ за Албанец премиер на овие преговори за состав на влада да не биде отфрлена туку напротив да се прифати.

Рокот за обезбедување мнозинство за состав на нова влада е до петок кога тој што ке го има мнозинството требе да го извести претседателот Пендаровски дека собрал 61 глас и да го добие мандатот за да го состави владиниот кабинет.

Back to top button
Close