Ахмети за снимката со Заев: Не постои поголема навреда за Албанците

Поранешниот премиер Владо Бучковски на „360 Степени“ даде предвидување за исходот од предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во среда. Според него, одлучувачки ќе бидат втората и петтата изборна единица.

Анализирајќи ги можните исходи, Бучковски предвидува дека ДПА во шестата изборна единица може да освои еден 1 пратеник, 8 пратеници би се поделиле меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на СДСМ и БЕСА, веројатно по принципот 5 спрема 3, а останатите 11 пратеници би ги поделиле ДУИ и коалицијата ААА.

Тој очекува во третата и четвртата изборна единица поделба на мандатите 10 наспрема 10, додека неизвесна е првата изборна единица.

-Одлучувачки ќе биде 1-та изборна единица, дали СДСМ ќе ја зголеми разликата која, да речеме, во онаа симулација која вие ја правевте минатата година беше 10-9 за СДСМ. Дали ќе успее во овој период кога половината од Скопје е по своите викендици во Охрид, Маврово, на другите места, дали ќе се вратат и ќе гласаат – истакна поранешниот премиер.

Back to top button
Close