Ахмети за снимката со Заев: Не постои поголема навреда за Албанците

 

Лидерот на ДУИ Ахмети во интервју на Тв21 изрази разочараност за новата аудиоснимка која денеска беше објавена на Јутјуб, а во која се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев

Не знам дали постои поголема навреда за Албанците од тоа тој да рече „ма остави ги Албанците тие се продаваат за пари“. Ова е навреда се до гробовите на Албанците. Дај боже да не е вистина“,рече Ахмети.

Претходно, Заев снимката ја нарече „срамна манипулација“ и  кажа и дека кога зборувал за „пазарот на гласови“ мислел на ДУИ, односно дека и тогаш и сега мисли дека „не вредат ни пет пари“.

Во интервјуто, Ахмети ја коментираше и реторитката на Заев против ДУИ и рече дека неговите и изјавите на дел од другите партии дека ДУИ треба да оди во опозиција биле насочени против Албанците.

 

Back to top button
Close