Ахмети  за СП за договорот со Заев за Албанец – премиер: Договорите не се прават за да се укинат според моментални желби

Но, инсистирањето на најголемиот партнер во коалицијата ДУИ на Али Ахмети во јавноста беше коментирано како причина дека доколку Заев си замине, нејзиниот проект „100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори“ може да пропадне.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за „Слободен печат“ вели дека овие тврдења се дневна политика и дека договорите не се прават за нивно укинување по моментални желби.

– Ова не држи. Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука, според мое мислење на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме најодржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив , туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневна политика отколку суштинска, изјави за „Слободен печат“, Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Тој вели дека приоритет за земјава е отворање на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ), решавање на спорот со Бугарија, зајакнување на политичката стабилност на земјата и реализација на проекти од областа на инвестициите во економијата, како што е Координаторот 8 и други крупни капитални проекти, но и разговорите што почнаа меѓу трите земји за 8-ми железнички коридор Македонија-Бугарија-Албанија.

„Тоа се приоритети и мислам дека сите ќе имаат предвид дека овие високи политички и економски интереси треба да бидат приоритет над приоритетите“, рече Ахмети.

Back to top button
Close