Ахмети: Жал ми е за партиите кои „плачат“ колку пари трошиме за роденденот на ДУИ

Денеска е роденден на сите оние кои придонесоа за искоренување на дискриминацијата и градење на еднакво општество, истакна денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети во своето излагање на  панел дискусија на тема: „Родовата интеграција во последните 20 години“ организирана во рамки на прославата на ДУИ на 20 години постоење.

Рече и дека ги жали опозициските партии кои „плачеле“ колку пари ДУИ троши за прославата на роденденот.

 –Жените се половина од населението, тие имаат дадено придонес во важните процеси, за слободата, за еднаквоста, за демократијата, исто колку и мажите. Секогаш ќе ја имате подршката на ДУИ и додека срцево чука во мене, вие ќе ја имате во континуитет поддршката.
Денес е роденден на сите оние кои придонесоа за искоренување на дискриминација и градење на еднакво општество. Денес е роденден на сите Албанци кои државата ја чувствуваат како своја држава, а не како ќираџии како што беа до 2001 година и навистина, навистина ви кажувам кога слушам како опозициските партии леат крокодилски солзи дека толку многу трошиме за овој роденден ДУИ, ми е жал за нив, рече Ахмети.

Back to top button
Close