АХВ: Скопската Зоолошка градина ќе остане затворена 21 ден

Потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1 во Зоолошката градина во Скопје(ЗОО), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство доцна попладне на 19 октомври, откако претходно од ЗОО извести дека инспектори на АХВ без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици.

Зоолошката градина 21 ден ќе биде затворена за посетители, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство. ​

Резултатот за присуство на птичји грип е добиен од Факултетот за ветеринарна медицина, по лабораториско тестирање на угината гуска.

„Од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста. Извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата“, соопштија од АХВ

Back to top button
Close