Академик Абдулменаф Беџети: Државата мора да ги контролира фирмите „супер профит мејкери“

Државата мора да ги контролира фирмите феномени на екстра профитот. Јас таквите компании ги нарекувам „супер профит мејкери“. Сериозни држави не толерираат компании кои остваруваат екстра профити надвор од сите логични економски стандарди, некои држави знаат таквите компании и да ги конфискуваат. Нашата држава се плаши. Ако ништо друго таквите компании барем треба екстремно да ги оданочува. Да ги оданочува профитите остварени во вонредни околности. Но нашите влади тоа не го прават. А зошто нашата влада тоа не го прави? Па не го прави затоа што се плаши, затоа што нема смелост. А нема смелост затоа што мисли дека наводно бизнисот има огромно влијание во политиката што сметам дека и е погрешно. На пример, на што личи за даночни реформи да одите да го прашате големиот бизнис. Што очекувате дека оттаму можат да ви кажат, вели академик Абдулменаф Беџети во интервјуто за слободна ТВ.

 Во интервјуто академик Беџети зборува и за актуелните состојби во Македонската академија на науките и уметностите како и за иницијативата за основање уште една државна академија овојпат врз етничка основа.

Видете, по секоја акција доаѓа и реакција. Некои нешта се дебатираат внатре во Академијата и кога наспроти тие дебати се наметнуваат и некои лични мислења кои се неспоиви со функцијата Претседател на МАНУ или со функцијата претседателство на МАН тогаш јас јавно реагирам зашто таквите појави го нарушуваат имиџот на врвната научна установа која треба да води сметка за јавниот интерес. Во однос на иницијативата за нова академија, АНУ е веќе создадена и токму таа е чинот на реакцијата која јас не дека ја оправдувам, меѓутоа провокациите дека некој сака трета албанска академија, се исто така провокација.

извор: Цивил

Back to top button
Close