Акцелераторот во Битола наскоро ќе биде во употреба, тој во Штип ќе проработи догодина

Меџити вели дека при крај е и процедурата за пуштање на акцелераторот на Клиниката за онкологија кој со години фаќал прашина, па со него таму ќе бидат четири вакви апарати и на тој начин ќе се намали товарот

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека товарот со онколошки пациенти на Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје е преголем, и затоа е неопходно дисперзирање на услугите.

Меџити вели дека утре во Тетово ќе биде отворен оддел за онкологија кој најнапред ќе биде конзервативен, а потоа ќе се направи бункер, а во Штип се очекува до јуни да биде ставен во функција тамошниот акцелератор.

Меџити, при неговата денешна посета на Битола, каде се промовираше медикоптерот, рече дека ја потпишал потребаната документција и за Клиничката болница во Битола и за ГОБ „8 Септември“.

Тој додаде дека при крај е и процедурата за пуштање на акцелераторот на Клиниката за онкологија кој со години фаќал прашина, па со него таму ќе бидат четири вакви апарати и на тој начин ќе се намали товарот.

Директорката на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска, потврди дека акцелераторот 10 години не работи, но со поддршка на Министерството за здравство се очекува проблемот да биде надминат.

„Акцелераторот е донесен пред повеќе години и не беше ставен во употреба, ние сме во процедура со Министерството за здравство, повикавме од самиот производител треба да се поправи чилерот и да ни се обезбеди компјутер симулатор за кој Министерството ќе ни излезе во пресрет. Но, тоа е процедура што секогаш не зависи од нас и ќе помине некое време“рече директорката Ивановска.

За нерешените вработувања во здравството, каде има лица ангажирано лица да работат со договор на дело по пет, шест и повеќе години, Меџити рече дека на минатата седница на Владата имал жолчна расправа со министерот за финансии и дека нема да дозволи работите да останат нерешени.

„Одвај чекам во вторник да има седница на Влада за да видам кои се размислувањата и што понатаму. Иако сум министер, јас сум лекар, не претпочитам да сум политичар и ќе се залагам до крај за да ги решавам овие проблеми. Да нема веќе договор на дело по неколку години, тоа е нелогично и не нè носи никаде. Треба да се залагаме овие прашања да ги решаваме и да ги поставиме на прав пат“рече Меџити.

Back to top button
Close