Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ
Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје.

– Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Управата за финансиска полиција (УФП). Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствата што се преземаат – информираат од ОЈО ГОКК.
Во акцијата, како што објавија повеќе медиуми, уапсен е и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, по поднесена кривична пријава од Управата за финансова полциија пред повеќе години против 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).






