Акција за крводарување на македонскиот полициски синдикат

Денеска во Дебар во организација на Македонскиот полициски синдикат а во соработка со општинската организација на Црвениот Крст ВО Дебар беше организирана акција за крводарување во која беа собрани над 3о единици крв.  Акцијата беше успешна и доби подршка и од  дебарчани .

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев за ,,Либертас,, изјави дека покрај оваа акција за крводарување слични акции ке се организираат и во други градови од нашава земја . Тој рече дека Македонскиот полициски синдикат ке организира и други хуманитарни активности . Секретарот на синдикатот Кире Трајковски истакна дека оваа акција во соработка со општинската организација на црвениот крст во Дебар покажа дека  интересдот за крводарување  е голем . Тој додаде дека по формирањето на новата влада  македонскиот полициски синдикат ке има средби со раководството на владата со цел да се подобри и понатаму матријалната позиција на полицијата .

Заменикот секретар на Македонскиот полициски синдикат  Адријан Телкиу изјави дека од почетокот на пандемијата на Ковид 19 , полицискиот синдикат реализираше повеке хуманиатарни активности  како во давање на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција  на граничната полиција како и други хуманитарни акции во соработка со донатори ,кои ке следат и во наредниот период.

Раководството на дебарскиот црвен крст соопшти дека до сега оваа година се реализирани четири акции за крводарување  и притоа се собрани над 16о единици крв.

К. Мимидиноски

Back to top button
Close