„Акција за намалување на нееднаквостите во образованието“ – оглас за избор на пет училишта за учество

Во име на меѓународниот Конзорциум на проектот АРИСЕ, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ги поканува заинтересираните основни училишта да се пријават за учество во проектот. Целта на Проектот е поддршка на ученици со низок социо-економски статус и нивната подобра интеграција во образовниот систем и во заедницата преку менторство, учество во развој на политики и застапување за рамноправност праведност во образованието и учество во мрежни активности на национално и регионално ниво. За проектот можете да дознаете повеќе за проектот на веб-страниците https://stepbystep.org.mk/osnovni-informacii-arise и https://www.arisenetwork.eu/en/.

Проектот ќе спроведе пилот интервенции на ниво на училиште со цел подобрување на образованието на учениците со низок социо-економски статус (СЕС). Активности кои ќе се спроведат со петте избрани училишта вклучуваат:

  • Воспоставување на училишен проектен тим во секое училиште
  • Градење на капацитети со помош на „Програма за училишен развој“ (ПУР)
    • обука и поддршка на училишни тимови за дизајнирање на училишен акциски план за работа со ученици со низок СЕС според ПУР
    • поддршка на избраните училишта за спроведување на Акцискиот план со грант од 2.000 евра
    • менторски посети, консултативни состаноци и друга поддршка
  • Организирање настани за колегијална поддршка и учење меѓу сите избрани училишта за да обезбедите меѓусебно учење, размена на сознанија, искуства и научени лекции и зајакнување на соработката меѓу училиштата
  • Спроведување студија за ефективноста на интервенцијата (која ќе се состои од иницијално и финално истражување на почетокот и крајот на проектот).

За повеќе информации околу проектот, условите, потребните документи и процедурата за пријавување, која трае до 5 септември 2021 г., Ве молиме погледајте го целиот оглас на нашата интернет страница https://stepbystep.org.mk/sorabotka/povik-za-izrazuvanje-interes-za-izbor-na-5-uchilishta-za-uchestvo-vo-proektot-arise или обратете се до: elena@stepbystep.org.mk.

-комерцијална објава-

Back to top button
Close