Акции за уништување на комарците во пелагониските општини

ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола синоќа почна со акции за уништување на комарците на подрачјето од општините Битола, Могила и Новаци.

Дезинсекцијата се врши во ноќните часови, во периодот од 19 до 2 часот по полноќ со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот Битола, во Општина Могила ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реки, водотоци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Могила, локалитети со застојни водени површини, урбани населби, додека пак во Општина Новаци со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на река Црна, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Новаци и локалитети предвидени во планот и програмата.

-Со информации за активностите известени се здруженијата на пчеларите, здравствени институции, локалната самоуправа и други институции, нагласуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Back to top button
Close