Акционерите на „Тесла“ одобрија исплата за Маск од еден трилион долари

Акционерите на „Тесла“ ја одобрија највисоката исплата во корпоративниот свет за извршниот директор Илон Маск, вреден речиси трилион долари. Одлуката е донесена на годишното собрание на акционерите на компанијата одржано вчера во Остин, Тексас.

Тоа е најголемиот бонус за извршен директор во корпоративната историја.

Членовите на одборот препорачаа акционерите да го одобрат планот за плати презентиран во септември, но одлуката е донесена и покрај препораките од водечките советодавни фирми „Глас луис“ и „ИСС“, кои ги повикале акционерите да гласаат против него.

Брендон Ерхарт, генерален советник на „Тесла“, рече дека предлогот „добил повеќе гласови за отколку против“, но додаде дека е забележан голем број воздржани и дека компанијата ги разгледува своите следни чекори.

„Она што треба да го започнеме не е само ново поглавје од иднината на ’Тесла’, туку сосема нова книга“рече Маск.

Маск, кој веќе е најбогатиот човек на светот, мора драстично да ја зголеми пазарната вредност на компанијата за електрични автомобили во текот на 10 години. Доколку го стори тоа и исполни други цели, ќе биде награден со стотици милиони нови акции.

Во следната деценија тој мора да ја зголеми пазарната вредност на „Тесла“ на 8,5 трилиони долари од сегашните 1,4 трилиони и да пушти во комерцијална употреба милион самоуправувачки возила „роботакси“.

Back to top button
Close