Јакиќ: Вратите се сега отворени и процесот на преговори треба да почне

Северна Македонија беше подготвена и во 2004 година кога ние станавме полноправна членка на ЕУ, но, за жал, се случи тоа што се случи. Вратите се сега отворени и процесот на преговори треба да почне и да продолжи, рече денеска претседателот на Либералната мрежа на Југоисточна Европа и поранешен министер за одбрана на Словенија Роман Јакиќ кој беше еден од панелистите на конференцијата „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“.

Како што оцени Јакиќ, војната во Украина го врати проширувањето на ЕУ во фокусот, а оние што до пред неколку години беа скептици околу овој процес, како Франција, денес се неговата движечка сила.

-Се враќаме на траката. Нема да биде лесно, но многу е важно да им се каже на луѓето дека тоа не го правите за Брисел или за ЕУ, туку за вас, за вашите граѓани, за луѓето кои живеат тука и сакаат општество во кое владее правото, во кое има слобода на медиумите,…, истакна Јакиќ.

Според него, ЕУ е свесна дека не смее да дозволи вакуум кога е во прашање Западен балкан, зашто тој простор може да го искористат трети „играчи“, како Русија и Кина.

-Мислам дека ЕУ сфаќа дека ако овие активности не продолжат, се создава вакуум. Ако ЕУ не учествува во Западен Балкан и го подржува вакуумот тој ќе се наполни со трети играчи како Русија, Кина, а во некои случаи и Турција, но, главно со Русија и Кина. Можеби Црна Гора може да каже колку е важно ЕУ да исчекори и да не дозволи тоа да се случи, посочи Роман Јакиќ во дискусијата на панелот  „Одржување на новиот импулс во проширувањето на ЕУ“

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close