Акиф Равмановски спроведен во суд, обвинителството бара притвор

Вчера празнично помилуваниот Акиф Равмановски денеска повторно е со лисици на рацете. Обвинителството издало налог за апсење бидејќи тој е осомничен за обид за убиство.

Попладнево беше спроведен во Кривичниот суд на судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали Акиф ќе оди во притвор.Неофицијално како што дознаваме, Акиф посочил друго лице кое пукало во 19 годишникот пред една недела во Чаир. Но во моментов е нејасно дали поради судијата би одредил само мерки на претпазливост.

Back to top button
Close