Акику: Тоа што сум зет на Бејта не беше пресудно да станам директор на АЕК
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Јетон Акику вели дека тоа што му е зет на поранешниот функционер на ДУИ, Невзат Бејта, не било пресудно да биде на оваа функција. Тој ова го изјави во денешното интервју за Радио Слобода Европа.
„Директор не станав со унапредување, имаше оглас на кој што конкурирав. Двајца конкуриравме, во тој оглас комисијата која што е надлежна за избор на директор одлучи јас да бидам директор“, изјави Акику.