Јакимовски- Јас добив затвор а судијката што ме осуди награда од Белата палата

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски по денешниот изор на судиката Даниела Димовска за вд предсеател на скопскиот кривичен суд обвини дека затворската казна од 3 ипол години кои неодамна му ги изрече судијката Димовска е одлука како што реше на нејзината партија од белата палата а таа само била пренесувач на истата.

 

Сега е јасно вели Јакимовски зошто неправедно бев осуден на казната затвор,со денешното назначување за вд председател на кривичниот суд од каде е одлуката за затвор. Судијката Даниела Димовска судскиот совет за вд председател со 10 гласа за и 2 гласа притив ја начначи неа.

 

Пред околу 2 месеца судијката Димовска му изрече казна затвор од 3 ипол години за обвинението злоупотреби во службата а осудениот градоначалник Јакимовски видно изненаден и нервозно изреагира дека очекувал ослободителна пресуда оти не направил никаков коментар како што рече наместо како што се спремав да се почастиме јас неправедно сум осуден и ќе се жалам.

Градоначалникот на Карпош додаде дека бил разочаран кога во април годинава му била пресудата, но дека по денешниот настан, со кој, како што рече, се докажува оти таа е политичка, му дава мотивација да ги бодри карпошани за на претстојните избори Карпош да не западне под, како што рече, канџите на Христијан Мицкоски.

„Ова е само мотив повеќе да ги бодрам карпошани на идните локални избори да се борат и да не дозволат канџите на Христијан Мицкоски и неговата ДПМНЕ заедно со неговата клика да ги вгнезди, да ги зарие во карпошевото месо и Карпош го претвори во партиска испостава.

 

Јас сум настапувал со политички партии но никогаш не сум дозволил Карпош да биде партиски штаб со една политичка партија. Напротив, ова било место каде што се решавале проблемите на граѓаните и подеднакво право имал секој граѓанин на Карпош без разлика на политичката, верската, националната, религиозната припадност. За жал денеска сме сведоци во највиталниот дел од општеството, а тоа е судството дека и оваа власт се потруди максимално да го испартизира“,додаде Јакимовски

Тој уште тогаш рече дека во затворската пресуда е вмешана партијата а денеска во изјавата конкретно посочи дека затворот му е од белата палата односно од владеачката ВМРО ДПМНЕ а судијката Димовска само ја пренела пресудата што му ја одредила како што изјави  нејзината партија.

 

Нејзиниот избор денеска за прв човек на кривичниот суд  предизвика лавина реакции бидејќи членовите на Судскиот совет отстапија од членот 89 од Законот за судии, кој вели дека: „Во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот, до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите во судот определува в.д. претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови“.

 

И реакцијата на Коалицијата „Сите за правично судење“, исто така, се однесуваше на тоа дека наместо најдобро оценетиот судија, на позицијата е назначен единаесетторангираниот, во случајов судијката Даниела Димовска.

Back to top button
Close