Јакимовски: Брисел да најде начин кога ќе се одлучува за Македонија, Бугарите да одат да пијат кафе или да појадуваат

360°: Во однос на прашањето за уставните измени, односите со Бугарија и преговорите со Европска Унија, велите – не сум децидно против внесување на Бугарите во Уставот, но сум децидно за комплетно затворање на прашањето со Бугарија. Што точно значи тоа?

Јакимовски: Па, претпоследно поглавје ќе биде да разговараме за јазикот. Ајде, сега ќе ги внесеме Бугарите…

360°: Ама тоа е манипулација, не е точно тоа, во Преговарачката рамка пишува дека европското „аки“ се преведува на македонски јазик.

Јакимовски: Да, ама тоа е трикот што ни го прави Ковачевски, демек еве нашиот јазик е признаен во Европа. Да, Бугарите викаат да вие имате јазик ама ќе признаете дека „вашиот език е наречие на блгарскиот“.

360°: И сега Стевчо Јакимовски, како претседател на државата, ќе ги предомисли Бугарите!? Или другатреба да биде тактиката?

Јакимовски: Не, треба да биде друга тактиката, значи Европската комисија ќе си најде начин како Бугарите ќе одат да пијат кафе или ќе појадуваат кога ќе се одлучува за Македонија, како што тоа го направија со Унгарија и со Виктор Орбан. Значи, ние не можеме нонстоп да бидеме изложени на потсмев, буквално сите земји во регионот се потсмеваат со Република Македонија, што се сме направиле за да бидеме дел од Европа. На пример, ние на Србија и служиме како пример за непопусливост затоа што се што попушти Македонија практично бенефитот од тоа не го видовме освен што станавме членка на НАТО-структурите во коишто ќе бевме членка и без да го променевме името зашто сега ни стана јасно на сите дека поради војната во Украина мораше да биде затворено јужното крило на НАТО и тоа беше причината зошто Република Македонија наврат-нанос мораше да влезе во структурите на НАТО.

360°: Што друго подразбирате под комплетно затворање на прашањето со Бугарија?

Јакимовски: Тоа значи – не преговараме за идентитетските прашања, тие сакаат ние да прифатиме дека ние сме нација од 1944 година, претходно не сме биле нација и второ, дека нашиот јазик е наречје на бугарскиот јазик, односно модифициран бугарски јазик. Ако овие две прашање ги исфрлиме од какви било натамошни разговори, а за нашите ревулоционери разговараат историчарите и нека вадат документи, можеби никогаш тие нема да се договорат, јас немам никаков проблем Бугарите да бидат внесени во Уставот. Токму ова прашање го поставив на лидерската средба – дали ние имаме одговор на овие две прашања, сите главата доле, и Ковачевски и Талат Џафери и Али Ахмети, значи сите и Мицкоски, сите ќутат зашто не го затвораме комплетно прашањето.

360°: Треба ли нам некој друг да ни каже кои сме, господине Јакимовски, ако ние знаеме кои сме?

Јакимовски: Па, ние знаеме ама пред да влеземе во Европска Унија тие ќе кажат – не, вие ќе мора да признаете дека сте нација од 1944 година и тогаш ќе биде истиот овој притисок, ајде и тоа да го признаеме, па ќе влеземе.

360°: Ова го зборувате со голема леснотија, а немате основа во некаков документ. Тоа е базирано на некакви ваши претпоставки или изјави од бугарската политика?

Јакимовски: Какви претпоставки, вие слушате кога Стево Пендаровски ќе даде некоја изјава или Ковачевки, што од таму ни одговара Румен Радев. Постајано вели дека има уште прашања коишто треба ние да ги расчистиме и ние се правиме аутисти цело време, односно во отстуство на каква било економска, социјална, инфраструктурна, енергетска програма во Република Македонија, ние цело време се држиме само до бугарското прашање, а јас сум тоа прашање да го тргнеме настрана. Ајде, да се зафатиме, да работиме.

Back to top button
Close