Јакимовски до Борко Ристовски: Ако стопати повторите лага нема да стане вистина


Министерот за спорт, со своите несреќни изјави пренесени преку партиски медиуми, уште еднаш не потсети како функционира матрицата на заробена држава – нешто што неговата партија многу добро знае да го практикува. – вели во објава на Фејсбук градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Во продолжение целосната објава на Јакимовски:

Во изминативе денови, веќе нема кој не се увери:

🏟️ Салата „Наум Наумовски – Борче“ беше примопредадена на Општина Карпош со бројни недостатоци.

И покрај тоа, 🎽🏆 низ бројни примери и настани се виде дека таму континуирано се одржуваат домашни и меѓународни спортски настани.

Само министерот за спорт, водејќи се од онаа позната „сто пати повторена лага станува вистина“, упорно ја лаже јавноста, без око да му трепне. 🧌📢

🤔 Министре, како поранешен спортист, овие прашања би требало да ви се прелесни:

❓ Како може во „затворена сала“ да се одржи меѓународен турнир со учество на педесетина држави од целиот свет? 🌍🏅

❓ Како може организаторите на тој турнир да ми доделат Благодарница за поддршката од општината, ако салата е „затворена“? 📜🏆

Наместо да се извините на јавноста и да побарате Владата да ја повлече одлуката, вие инсистирате да продолжите со лагите.

Со тоа само покажувате како функционира еден нездрав политички систем, управуван од вашата партија. 🏛️❌

🪓 Како централна власт, вие ја поседувате сета моќ во државата, па лесно си носите какви сакате одлуки – без разлика дали се исправни, правични или водени од интересите на граѓаните.

📺 Вашите медиуми се тука да ги шират лагите. А секој што ќе ви се спротивстави – го елиминирате со сила, затоа што не знаете со идеи и проекти да победувате.

📣 Министре, не вршите насилство врз мене – туку врз карпошани!

Се обидувате да им го украдете култниот спортски објект каде што израснаа генерации. 👦👧

А, за што? За вашите бизнис интереси. 💰📉

Не го нападнавте Јакимовски – удривте по Советот на Општина Карпош и по граѓаните!

Министре, треба да ви биде јасно:

🔴 Како министер – немате луксуз да ја лажете јавноста.

Со повеќекратното повторување на истите лаги, покажувате дека не само што не се каете, туку тоа свесно го правите. А тоа ве прави недостоен за функцијата што ја извршувате. ❌

🧠 За крај – еден совет:

Ако навистина сте толку способен колку што се прикажувате во јавноста,

наместо да се занимавате со веќе отворената сала Партизан,

👉 засукајте ги ракавите и отворете го она што е навистина затворено:

💦 Аква паркот

🏊‍♂️ Базенот Карпош

🏊‍♀️ Базенот до салата „Наум Наумовски – Борче“

🔥 На +40°C, скопјани, а особено карпошани, немаат ниту едно место каде да се разладат!

🛑 Доста беше!

Граѓаните не ви веруваат.

Карпош не молчи.

Карпош знае – и ќе ве потсети!

Back to top button
Close