Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: Пријатели пратетете го човеков во месен комитет, Ковачевски за него стана Марадона

Се изнаслушавме од Мицковски дека ќе гласал за измените на уставот само под други услови, не еднаш туку сто пати го повтори, други услови па други услови, пишува на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски како реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба.

„Прв услов му бил, ќе гласал да влезе во Влада и тоа со СДСМ, а втор услов во Владата да не биде ДУИ“, појаснува во напишаното Јакимовски.

„Бидејки ДУИ разбира политика уште незавршена пресконференцијата излегоа со став: нема проблем ние ќе излеземе од Влада само ти гласај ги уставните промени.
Христијан!
Па нели Ковачевски бил нелигитимен премиер зошто не победил на избори.
Ти победи или изгуби на парламентарни избори?
Со кој легитимитет ти ќе влезеш во Влада и згора нелегитимен да ти биде премиерот Ковачевски?
Пријатели од ВМРО ДПМНЕ, вратетете го човеков во месен комитет и пратете го на политичка школа зошто веќе и Ковачевски за него стана Марадона!
ДУИ ќе излезе од Влада, Мицковски ќе влезе ќе ја голтне „бугарската жаба“ и ќе ги изгласа уставните промени и за еден месец ќе му ги удрат клоците од влада и ДУИ ќе се врати назад.
п.с. Тетками викаше „Паметначович“, стои во напишаното.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба, рече дека премиерот Димитар Ковачевски му понудил да влезат во Владата, а цената била да се плати со поддршка за уставните измени.

Back to top button
Close