Јакимовски: Дурмиши бара да му кажам дали дискотеката Пјур ги исполнува техничките услови – министрееее! Белким ти мене треба да ми кажеш!,

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на социјалните мрежи реагираше поради писмо што го добил на 8 август од министерот за економија, Бесар Дурмиши, објави 4NEWS.mk

„Го прочитав писмото и се огледав дали случајно не е поставена камера на ѕидовите. Министерот ми бара да му кажам дали дискотеката Пјур ги исполнувала минималните технички услови за вршење на дејност“, напиша Јакимовски.

Тој истакнува дека утврдувањето на техничките услови не е во неговата надлежност, туку дека тоа го прави пазарната инспекција, која е орган во состав на Министерството за економија.

„Министрееее! Белким ти мене треба да ми кажеш дали овој објект ги исполнува минималните технички услови за вршење на угостителска дејност. За таа работа ќе се обратиш на друг шалтер – шалтер што се вика пазарна инспекција“, вели Јакимовски.

Градоначалникот изрази сомнеж дека писмото можеби има за цел да купи време за други лица, но нагласи дека одговорноста останува на министерот.

Back to top button
Close