Јакимовски- Имам многу покани за ифтар од чесни луѓе.Османи е нечесен слуга

 

„Тоа е нечесен гест на нечесен човек, иако прашање е дали би одел бидејќи овие денови имам доста покани од луѓе за ифтар вечера“, изјави претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски откако противкандидатот Бујар Османи упати покани за ифтар софра до Стево Пендаровски, Гордана Силкановска Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски, но не и до него и не до кандидатката Билјана Ванковска.

– А зошто да ме погоди тоа што Бујар Османи не ме кани на ифтарска вечера? Има чесни и има нечесни луѓе, така што сме одвоени едни од други. Веројатно јас и противкандидатката Билјана Ванковска спаѓаме во чесните луѓе. А што може да се очекува од Османи, освен да продолжи да слугува. Тој и неговите другари имаа шанса од оваа држава да направат убавина. Вели ќе води европска политика, а кој му бранеше и досега да направат европска Македонија? Никој во државата, ниту Македонци, ниту Албанци немаат чувство дека правеле европска Македонија. Нели водеа војна, гинеа луѓе, бараа да седнат во институциите, се договоривме, влегоа. Очекувавме нивното учество во власта да ги направи институциите поефикасни, но не се случи тоа – одговори Јакимовски во интервјуто на Канал 5

.Поврзувајќи го ставот на Османи со ставањето на „црната листа“ на САД, Јакимовски рече кога тој би бил преседател најостро би се спротивставил друга држава да прави свои листи на неподобни луѓе, а како што нагласи, уште повеќе би се спротивставил на инкорпорирањето на таквите листи во домашното законодавство.

 

Back to top button
Close