Јакимовски: Констатирани се недостатоци при изведбата на таванот во градинката „Мајски цвет“

 

Паѓањето на дел од таванот во градинката „Мајски цвет“ во Општина Карпош е последица на бројни недостатоци при изведбата, тврди градоначалникот Стевчо Јакимовски.

-Се плашам случајно да не ни се повтори ова, односно да ни падне поголем дел од таванот и да биде повредено некое дете, затоа што секое гипсена плоча е над 20 килограми. Побаравме и експертско мислење и констатиравме дека има недостатоци при изведбата, односно, конструкцијата на шините е конструкција за ѕид а не за кров, значи, осовинското растојание е 65 сантиметри наместо осовинското растојание да биде 50 сантиметри, изјави Јакимовски.

Значи секоја гипс табла би требало да биде поставувана на 4 до 5 шини а овде е поставувана на 3 шини и втората и поголема причина е што штрафовите се премногу набивани и практично оној слој на хартија кој што ја држи гипс-картонската плоча е пробиен и практично тоа е втората причина зошто е дојдено до оваа ситуација. Третата причина е што местењето на гипс-картонот на таван има свои систем каде што се оди со помала или со поголема табла. Идентично како што се работи со ѕидањето а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата и целиот плафон се срушил како кула од карти – информира Јакимовски.

Тој најави дека ќе побара вештачење но и дополнително експертско мислење околу овој проблем.

– Јас се плашам дека може да ни падне целиот таван од оваа градинка која е направена во 2019 година – нагласи градоначалникот кој најави и дека ќе побар измени и во Буџетот на Општината се со цел да се обезбедат средства за брза санација на градинката.

Инаку колку за потсетување, викендов падна кров во една од занималните во градинката „Мајски Цвет“ во Општина Карпош. За среќа децата не биле во објектот а предизвикана е само материјална штета.

Back to top button
Close