Јакимовски на чекор до нова кандидатура за Карпош. Анкетите го храбреле пак да трча

Актуелниот градоначалник на скопската општина Карпош – Стевчо Јакимовски не открива дали ќе се кандидира за нов, петти мандат како градоначалник во Карпош.
Тој попладнево во интервју за Тв24 рече дека „анкетите биле на негова страна и дека граѓаните на Карпош му ја давале поддршката во три наврати кога било многу тешко“.
„Карпош треба да има добар градоначалник“ рече Јакимовски.
Неговата Гром ќе има кандидат за градоначалник за Скопје.
Тој напомена дека очекува исклучително црна и нефер кампања. која е почната.
Пресудата за 3 ипол години затвор за злоупотреба на службена должност што пред 4 месеци според него од политички причини ја донесе кривичниот суд во Скопје засега само ја слушнал а судот сеуште му ја нема доставено пресудата за да може да ја обжали на апелација како што рече за да повисокиот суд ја поништи донесената пресуда.
Таа е дел на таа црна кампања насочена кон мене а да не зборувам за сите блокади и опструкции на советниците од владеачката ВМРО ДПМНЕ кои намерно опструираа во советот на општината и попречуваа проекти за развој на Карпош која е општина за пример во секој поглед,рече градоначалникот Стевче Јакимовски во интервјуто во вестите на тв 24.