Јакимовски повторно на Фејсбук: Ако имаше полиција на Партизанска Фросина ќе беше жива
Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, вели дека ако полицијата би била на терен, младата Фросина Кулакова, не би била прегазена. Тој се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук:
– Во партиското пропагандно гласило на власта кое задолжително мора да го известува народот за големите нивни дострели пишува дека во текот на вчерашниот ден полицијата изрекла 1089 казни за сообраќајни прекршоци, 76 лица возеле без дозвола и 186 пешаци се казнети поради непочитување на сообраќајни прописи. Ова го сторил никој друг туку полицијата предводена се разбира од кого.
А хаа!!!
Значи полицијата казнила!
Значи полицијата е на терен!
Да прашам, зошто не се судиите на терен? Зошто тие не пишуваат казни?
Па нели судиите беа виновни?
На секои триста метри гледаме сега полицајци или судии?
Ако полицајците беа на Партизанска немаше да погине Фросина, напиша тој.