Јакимовски се уште е во „Шутка“, ја чека одлуката на Врховен на писмено за да излезе на слобода

Иако Врховниот суд завчера ги укина првостепената и второстепената осудителна пресуда за Стевчо Јакимовски, тој сепак се уште е во затворот „Скопје“, бидејќи за да може да излезе на слобода, одлуката на Врховниот суд треба да го помине официјалниот пат, односно да им биде врачена на писмено на сите странки.

-Освен соопштението на сајтот на Врховниот суд се уште немаме добиено Одлиука во писмена форма. Се додека сите страни во постапката не добијат писмена одлука, вклучувајќи го и КУП Скопје, Јакимовски ќе остане во затвор да ја чека одлуката на Врховен суд, ни изјави адвокатот на Јакимовски, Виктор Цветковски.

 

– Advertisements –

 

Врховниот суд вчера информираше дека ги укина пресудите на Кривичен и на Апелација за Јакимовски, и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.

 

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 09.09.2026 година, донесе пресуда КВП КОК2-18/26, со која го уважи барањето на осудениот Стевчо Јакимовски од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку бранителот Виктор Цветковски, адвокат од Куманово, ги укина пресудата на Основен кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23.04.2025 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15.05.2026 година и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување, велат од Врховен

Back to top button
Close