Јакимовски со критики кон ВМРО-ДПМНЕ: Никој со сила не ги тераше да лажат дека ќе ја сменат преговарачката рамка

 

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, лажните ветувања поврзани со преговарачката рамка со Европската Унија.

„ВМРО-ДПМНЕ сноси одговорност за лагата дека тоа ќе го смени, односно дека ќе го репреговара. Никој не ги терал со сила да лажат. Можеле во кампања да кажат, видете таа работа е завршена, овие од СДСМ ја бетонираа, ние тука не можеме ништо“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека секој обид за враќање на старото име на државата би донел санкции. Во емисијата гостуваше и лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој рече дека малите политички партии често имаат добри идеи и кадри, но недостигот од политичка моќ ги спречува да влијаат на одлуките.

„Десетина проекти сум доставил до парламентот, не ги прифаќа никој – ниту коалициониот партнер, ниту опозицијата“, рече Трајанов, додавајќи дека одбивањето на добри иницијативи понекогаш се должи на политичко ривалство.

 

 

Back to top button
Close