(Видео) Јакимовски: Вратите ги затворивте, прозорците ги затворивте… ама јас – ќе влезам преку оџак!

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и актуелен градоначалник, Стевчо Јакимовски, соопшти дека од Државната изборна комисија(ДИК) му биле одобрени само 3.500 евра за кампањата во вторито круг од Локалните избори, а додека на неговиот противкандидат остатокот до 56.000 евра.
„ДИК ми одобри 3.500 евра за кампања, а на Соте остатокот до 56.000 евра.
И мислат дека така ќе ме сопрат?
Џабе ви е брашното, џабе ви се заканите, џабе ви се министрите што ги шетате низ Карпош, џабе ви е негативната кампања.
Моите проекти зборуваат сами за себе.
А мојот број останува ист 070 225 055.
Карпош не се купува со пари, се освојува со работа, чесност и љубов кон народот.“ – порача Јакимовски.