(Видео) Јакимовски за Мицкоски: Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно!

 10:00

Реакција на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски по вчерашниот настап на премиерот Христијан Мицкоски:

 

 

„Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!. Христијан Мицкоски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпошненајавен, исплашен и во паника. Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по телефон, кога лично ми ја даде поддршката. Ме молеше. Ако треба и на колена ќе клекнам, само да ја имам вашата поддршка – тоа беа неговите зборови. Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари“ – вели Стевчо Јакимовски.

Во соопштението лиферувано од партијата ГРОМ стои дека „Мицковски денес зборува за „бетонизација“ и „урбанистички планови“, а во првите триесет дена од мојот мандат немало ниту еден нов урбанистички план, затоа што општината беше со блокирана сметка. А и да му покажев план, што би разбрал од него? Тој лаже дека дошол да „честита“ победа. Вистината е дека дојде со список од 37 луѓе за вработување, бараше секретар на општината, директор на јавно претпријатие и на училиште како и урбанистичка маркица за фирма блиска до негов пријател од„Гранит“. Сето тоа – надвор од било каков институционален ред и закон“.

„Мицкоски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда! Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката „Мајски цвет“. Иронијата е што пресудата ја донесе судијка што ВМРО-ДПМНЕ потоа ја унапреди во претседател на суд!„Четири пати дојде во мојата општина без ниедна конкретна понуда за граѓаните, освен што се занимаваше со мене. Тоа е крик на очајник и губитник“ – порачува актуелниот градоначалник на Карпош кој во вториот круг од изборите во недела за противкандидат на гласачкото ливче ќе го има Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јас сум релативно стар! Ама гледајки го ова и генерално сватив дека ПОЛИТИКАТА НЕ Е КУРВА ТУКУ ОРОСПИЈА !

Во видеото објавено на социјалните мрежи Јакимовски ги демонтира, како што вели тој, лагите, кои Мицкоски ги кажа за време на митинг.

Погледнете го видеото во продолжение:

Back to top button
Close