Aкиов: На правничката од општината и се извинувам. Јас не сум „гомнар“ ВМРО ДПМНЕ постојано провоцираат

По насилниот инцидент на денешната седница на Советот на Општина Кочани, кој стана вирален на социјалните мрежи, со свое јавно обраќање се огласи советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР). Тој негира дека е главниот виновник за нарушувањето на угледот на институцијата и ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за провокации и омаловажувања.

„Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Р.С Македонија. Некултурно, крајно неодговорно, нехумано и деградирачки е постојано да се прави хистерија во советничката сала преку урлање, барање паузи, дофрлување навреди на лична основа среде секое мое излагање на вистината што на ВМРОВЦИТЕ не им иде во прилог. Немањето емпатија со родителите на загинатите деца како и самосвест и доблест за признавање а не префрлање вина за трагедијата повторно заради истата цел – да се зачува политичкиот рејтинг пред локалните избори на ВМРО е голема срамота. Чашата беше прелеана од советникот Алексов кој што го испровоцира целиот настан својствено за него. Јас не калкулирам со мојот авторитет и рејтинг. Јас не сум „гомнар”, јас сум борец за правда. На Правничката од о.Кочани јавно и се извинувам за ненамерно нанесената повреда“, напиша тој.

Back to top button
Close