Ако Ахмети не го исполни ветувањето за премиер Албанец, да оди во опозиција, бара Села

Oд Алијансата на Албанците велат дека ако ДУИ не го исполни ветувањето за премиер Албанец треба да замине во опозиција.

Ваков став има претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Тој вели дека дури и информациите за ротирачки премиер во кои ДУИ би добиле 1 година премиерско место се поразителни за првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

„Тоа би значело дека некој си игра со довербата што граѓаните им ја дале. Секоја политичка партија за време на кампањата ветуваше програма за четири години, а не некоја си ротација, со цел по секоја цена да се остане на власт. Бидете сигурни дека ќе тргнат раце и од тоа ветување“, вели Села.

Кажа дека тие засега не преговараат за влез во новата Влада, а тоа ќе го направат откако ќе биде избран мандатар.

Вчера Коха објави дека има договор за мнозинство, и за премиер Албанец, кој би ротирал на позицијата.

Back to top button
Close